Знаеме дека сирењето во фурна или познато како топено сирење, се прави со меко растително сирење, кај нас го викаат фета (иако под фета сирење се подразбира сирење кое по потекло е од Грција и е најквалитетното сирење добиено од млеко). Јас искрено не го сакам баш тоа меко сирење, ниту пак обожувам продукти кои личат на млечни, а се со растително потекло (како маргаринот). Затоа си правам моја верзија на сирењево кое е исто вкусно како она со меко сирење. Од овие количини се добиваат 2 порции.

Прво во земјените садови се става по малку доматен сос и се додава изварката. Се додава и издробеното овчо сирење и исечканиот врат. Се ставаат да се потпечат 20тина минути.
Потоа се вадат од рерна, се додава кајмакот и одозгора се става ренданиот кашкавал. Се ставаат по 2-3 лажици доматен сос одозгора и се враќаат во рерна да се допечат. Јас ставив и 1 јајце кое го изматив со кајмакот.

Фурнаринките се исто така домашни, ги направив од замрзнато тесто за пастрмалија што ми имаше останато претходно, само го развлеков тестото, го премачкав со жолчка, додадов малку сол,оригано и сусам и ги печев заедно со сирењата.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови