Пиперките испечете ги, излупете ги и исечкајте ги на парчиња. Не ги цедете, треба и нивниот сок да остане. Понекогаш, кога ги правам заедно со ајварот, во нив ставам дел од сокот што ќе го пуштат пиперките кои се цедат.
Во шерпа, ставете ги сите состојки, магдоносот исечкајте го, лукчето исто така.
Кога ќе почне да вари, да се пржи, потребно е само половина час.
За тоа време, загрејте ги теглите (отприлика 9 големи) и наполнете ги додека се пиперките жешки. Затворете ги и ставете ги во загреана рерна на 100 степени, петнаесетина минути и исклучете ја рерната. Нека се изладат внатре.
Ако сакате да се малку пикантни, тогаш ставете везени лути пиперки, ако не, се прави без нив.
Везените пиперки јас ги чистам од семките, ги блендирам и ги запржувам на малку масло. Потоа ги ставам во другите пиперки.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови