Вкусен сендвич, кој многу ни се допадна нас...Топло ви го препорачувам.
Вкусна комбинација помеѓу малку поинаков омлет и вашиот омилен леб.
Кај нас беше традиционално селско лепче...:)

Најнапред ги подготвуваме сите зеленчукоци.
Кромидот ситно се сецка.
Печурките се сечкаат на листови.
Зелката ситно се дроби.
Морковот се ренда.
Пиперчето се потпекува и дел од него, по вкус, се сецка.

На плитка мрснотија најпрво се пропржува кромидот со малку сол.
Потоа се додаваат печурките и се продолжува со пржење.
Се додаваат зелката и морковот и се пропржуваат и тие додека малку омекнат.
(Јас пржев во една тава, а потоа пржените состојки ги префрлив во намрсена тефлонска тава.)
Веќе пржените состојки се полеваат со разматените јајца во кои сме додале малку сол.
Го додаваме одозгора и сецканото луто пиперче.

Го пржима омлетот како палачинка.
Прво од една страна, па потоа го превртуваме со помош на поголема плитка чинија и го пржиме од друга страна.
Готовиот омлет го делиме на 4 дела...или секој по сопствена желба...Можи и два сендвичи да се направат, со повеќе омлет...

Две тенки парчиња леб ги премачкуваме со крем сирење.
На едното ставаме една четвртинка од омлетот.
Прекриваме со другото парче леб.
Со чаша јогуртче уживаме во нашиот појадок.
Како што напоменав можите по ваш вкус да користите било кој вид на леб.
Можите да направите 2 или 4 сендвичи, пак зависи од самите вас, кој колку е гладен...)))) Значи двајца можат убаво да појадуваат, а можи и еден...хахаха....
На здравје!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани