Прво од меленото месо(посолено и зачинето според вкусот), кромидот, презлата и јајцето формираме мали ќофтенца, од прилика колку орев.
Свинската кртина ја сечеме на коцки.
На плотна ги печеме ќофтињата и свинската кртина.
Кромидот го сецкаме на ситно и го пржиме додека омекне, ги додаваме сецканите моркови и кога се е убаво омекнато ги додаваме маринираните печурки и сецканите суви пиперки.
Зачинуваме по вкус и додаваме ловоров лист и една лажица сенф.
Го додаваме месото и ќофтињата и убаво мешаме.
Крем супата од печурки ја раствораме во 700 мл вода и ја додаваме кај месото заедно со една коцка говедска супа и едно лажиче црвен пипер.
Оставаме се заедно да динста околу 15 минути па се ставаме во земјена тава.
Печеме во загреана рерна на 200 степени околу два часа.
Сервираме...

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови