1. Квасецот се дроби во сад со млаката вода, да се растопи. Се додаваат останатите состојки и се меси со миксер лепливо тесто. Се покрива и се остава да стаса 1 час.

2. На работна маса поросена со малку брашно се премесува тестото и се дели на 2 дела. Се формираат 2 лепчиња и се ставаат во калапи за леб. Калапите предходно премачкани со путер или со масло и наросени со малку брашно. Се сечат лепчињата одозгора по малку со нож и се оставаат да стасаат уште 40 мин.

3. Се печат во загреана рерна на 225 степени 30 до 35 мин. Пред печење јас ја попрскувам рерната со вода, да се направи пареа и потоа го ставам лепчето да се пече. Ова го правам за да има лепчето јака корка.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови