Десерт кој се подготвува за 10 минути, а при тоа имаме исклучително кревок, ароматичен кекс.
Во еден сад се соединуваат измиената, исецкана праска, исецканото парче диња, исецканите црни сливи.
Ги попрскуваме со лимонов сок и ги оставаме настрана.
Пред самата употреба им додаваме 1 лажица гриз и промешуваме.
Земаме две ванглички.
Во едната ги ставаме белките, а во другата жолчките.
Ги матиме жолчките и им додаваме масло, кисела павлака, кора од лимон и лимонов шеќер.
Оставаме на страна.
Сега ги матиме белките со постепено додавање на шеќер, до добивање на густ шам.
Со шпатула многу лесно ги соединуваме жолчките и шамот.
Додаваме просеано брашно и пециво.
Соединуваме.
Смесата ја истураме во мала ростер тава во која има поставено хартија за печење.
Израмнуваме.
Одозгора го нанесуваме подготвеното овошје, рамномерно.
Печиме околу 40 минути на 200 с.
Оставаме колачот да се излади.
Обилно го попрскуваме со шеќер во прав, го сечиме на коцки и сервираме.
По ваша желба може да се додаде ванила, цимет, ликер...
Мене со лимонот доволно ми беше истакнат овој богат вкус.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови