Најпрво почнуваме со подготовка на месото.

Чекор 1. Извадете го месото од фрижидер да отстои на собна температура 1 или 2 часа, а потоа напрскајте го од сите страни со сол и црн пипер.
Кога ќе биде подготвено месото за печење ја пустаме рерната на 220 степени. Во тава за пржење на силен оган се загрева маслиново масло, а потоа се става месото во тавата. Се пржи околу 10 минути, додека не стане кафеаво од сите страни.
Кога ќе биде испржено се засечува месото по малце од страните и му се става парченца лук и путер. Потоа се става во тава за печење и се печи околу 20 минути. Откако месото ни е испечено се става во алуминиумска фолија да одмори 10 - 15мин, а за тоа време го правиме сосот и ги вариме тестенините.

На путер го пржиме исецканите на ленти шампињони, кога ќе ни омекнат се става коњакот, се промешува па се додава неутралната павлака сол и пипер по желба. Пропржуваме околу 2-3 минути па го тргаме сосот од ринглата и се додава жолчката. Така ќе стани сосот кремаст.

Зеленчукот може претходно да го обарите и потоа да го пропржите на путер со сол и пипер.

На здравје!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови