Удината се сечи на шницли.
Се посолуваат, побиберуваат и наросуваат со мешан сув зеленчук исечените шницли. Се пропржуваат на загреана плитка мрснотија, додека поруменат убаво од двете страни.
Потоа во тавата се налева вода, да ги покрие шницлите.
Се додава виното, лукот и два ловорови листа.
Се покрива со капак и се готви додека целосно омекни месото, а водата е веќе видно намалена, скоро и нема.
При самиот крај се додаваат двата вида павлака, убаво се меша, изедначува и се готви уште кратко време, додека убаво прокрчка и се згусти сосот.
Се зачинува со кари по вкус.
На здравје!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани