Прво тeнко исечените свински шницли ги посолуваме, наросуваме малку свежо мелен бибер, ги покриваме и оставаме да одстојат 1 час во фрижидер.
Потоа секоја шницла ја валкаме во брашно, во кое има додадено и малку црвен пипер.
Во касерола налеваме масло и на оган ги запржуваме од двете страни, благо да заруменат.
Ги тргаме во сад на страна.
Во маснотијата каде ги пржевме додаваме лажица сенф и околу 200 мл вода.
Оставаме сето заедно да проврие.
Сосот го процедуваме низ цедалка и пак го враќаме во касеролата.
Ги спуштаме и шницлите.
Оставаме на тивко да крча, се додека месото не е готово, а по потреба налеваме уште малку течност.
Пред крај ставаме маринирани шампињони.
Топлите шницли во сенф сос ги послужуваме со прилог од помфрит и сезонска салата.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани