Здраво на сите ова е мојот прв рецепт и се надевам дека ќе му послужи некому да приготви вкусен оброк кој би го споделил со блиски роднини или драги пријатели.

Колениците се маринираат и најдобро е доколку би биле во маринадата барем 12 часа. Ги посолуваме, најдобро со крупна морска сол, но и кујнска ќе заврши работа, обилно се става бибер се наросува лукот во прав. На вкус се става свеж или сув рузмарин и мајчина душица. Јас не користам зачински пакувана мајчина душица туку наросувам од чајот кој го снабдувам од пазарскиот билкар. Се додава и една главица кромид насечена на кругови, малку масло и добро се втрива сенфот, за крај се залева со 100мл пиво и се оставаат колениците во фрижидер да преноќат. Добро е од време на време да ги полевате со течноста од маринадата особено ако имате длабок сверен сад како мојот....
Како и секое месо колениците најдобро е да се на собна температура пред да ги ставите на печење, затоа за подобри резултати извадете ги колениците од фрижидерот барем 3 часа пред печење.
Загрејте ја фурната на 250 степени.
Во намресен плех поставете ги предходно исечениот кромид на кругови и морковите, и поставете ги колениците врз кои ќе ја истурите маринадата, со месестиот дел на горе.... Печете така околку 10тина минути да добијат златеста нијанса.
Извадете ги од фурната и намалете ја на 150 степени, залијте со преостанатите 500мл пиво и завртете ги месестите делови на колениците према внатре, додадете ги сливите и затворете со капак или алу фолија... Печете така околу два часа... извадете ги колениците од релна сега повторно месестиот дел завртете го на надворешната страна, прелијте ги со сокот од печењето покријте со капак или фолија и печете на 180 степени час до час и половина.
Повторно извадете ги колениците од рерна прелијте ги со сосот и завртете го термостатот од рерната на 250 стенепни. Овој пат вратете ги колениците без алу фолија и печете уште 10 до 15 минути. Внимавајте да не ги изгорите колениците.
На крај изведете ги и повторно прелијте ги со течноста во која се печеа колениците. Оставете колку 10тина минути да одморат.
Можете да ги сервирате и така дирекно од тавчето, а можете да направите и богат сос со тоа што ќе ги испасирате морковите кромидот и сувите сливи и ќе додадете малку сол и околу 1 лажица путер.  Доборо измешајте да се растопи путерот. Мој совет бидејки има многу течност од бистрата течност задржете малку за полевање на колениците при сервирање и зачувајте неколку парчиња од печените суви сливи за декорација....

Добар апетит!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови