Вака подготвениот свински бут во сос од павлака и сенф, претставува вистински деликатес. Гарнирот можете и сами да си го одредите, кај мене беше пире од компири.

Подготовка
Парчето свински бут го премачкуваме со свинска маст и ги втрлуваме зачините во него. Го оставаме да отстои 2 часа во фрижидер.
Потоа го ставаме во загреана тава на посилна температура да се испржи десетина минути од сите страни. Ја намалуваме температурата и продолжуваме со пржење околу ½ час во поклопена тава, повремено превртувајќи го.
Кога месото е убаво пржено го вадиме од тавата и го сечкаме на мали парченца. Во тавата во која се пржеше месото ставаме павлака за готвење и кисело млеко, како и сенфот. Оставаме кратко да проврие па ги ставаме коцките месо. Вриеме така на тивко, поклопено, околу 30-40 минути.

Забелешка
Ми се случило и да не го измаринирам месото (баш овој пат беше така) да не го оставам да отстои туку комплет со се зачините да го ставам да се пржи. И така е убаво, нема некоја голема разлика зошто сосот е многу вкусен.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани