1. Во сад на оган се става коленицата да се вари (до омекнување на месото).
2. Компирите и морковите се лупат и се сечат на парчиња и се ставаат во садот каде што ќе се печи и коленицата, се посолуваат, се зачинуваат со црн бибер и им се додава 1/2 од маслото.
3. Зеленчуците се промешуваат убаво.
4. Сварената коленица се става во садот за печење заедно со зеленчуците, се посолува и зачинува со црн бибер и и се додава другата половина од маслото. Се става во рерна на 220 степени.
5. Откако сите состојки во тавата се скоро годотви, брокулата се дели на розички и се додава во тавата заедно со останатите состојки, се враќа во рерна за уште 15-20 минути.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови