Палачинкиве со право го носат името свилени.
Прекрасна, нежна текстура имаат.
Јас воопшто не ставив шеќер пред да ги пржам, но секако по сопствен вкус може и да се додаде.

Во еден сад го ставаме јајцето, некое зрно сол, свежо цедениот сок од портокал и киселата вода.
Лесно соединуваме.
Прво ставаме 5 лажици брашно, промешуваме, да нема грутчиња и додаваме уште една лажица брашно. Соединуваме.
Оставме смесата да одстои 5-10 минути.
Тавата ја загреваме и ставаме 1-2 капки масло.
Ставаме од подготвената смеса и ја пржиме палачинката од двете страни.
Сервиранме со еуро крем, мармалад од малини, портокали, со сладолед.....

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани