Прво да напоменам дека лозовиот лист е од тегла. На пролет пред да се прскаат лозјата собиран е листот и со сол и вода е пастеризиран во тегли.

Ги вадиме листовите и ги ставаме во еден подлабок сад со вода да одстојат околу 3 минути. Потоа ја истураме водата.
Оризот го миеме и го ставаме во вода. Сега го запржуваме месото со многу ситно сецканиот кромид и морков. Кон ова го додаваме оризот, солта, црниот пипер и црвениот пипер. Откако се заедно ќе се запржи, го тргаме од оган.
Садот во кој ќе ги печеме сармичките го обложуваме со листови лозов лист. Ги мотаме сармичките и ги редиме во садот. Одозгора ставме 5 лажици маслинов зејтин. Во садот во кој го пржевме месото додаваме 1 литар вода да зоврие (во водата не додаваме сол бидејки листовите веќе се солени). Со врелата вода ги полеваме сармичките за да ги облие водата и ги ставаме во рерна да се печат на 220 степени околу 50 минути( да испари водата).
Овој рецепт со генерации се прави во нашето семејство. Затоа е еден од омилемите кај нас.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови