Овој рецепт ми го препорача другарка од Украина.
Салатата е многу оригинална и вкусна.
1. Шампињоните се чистат и се мијат.
2. Се варат во тенџере со солена вода 7 минути.
3. Шампињоните се истураат во длабок сад.
4. Во длабок сад се додаваат изренданиот морков, сецканиот лук, оцет, зејтин, коријандер, шеќер, црвен бибер, црн бибер и сол.
5. Сите состојки добро се промешуваат и се ставаат во фрижидер на една ноќ.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови