Салатата Харинга во бунда е најпопуларна во Русија после салатата Оливие.
Начинот на подготовка е многу лесен.
1. Цвеклото, компирот, морковот и јајцето се варат.
2. После варениот зеленчук и јајцето се чистат од лушпата и ситно се рендаат.
3. Кромидот и харингата се сечкаат на мали парчиња.
4. Во украсна чинија се стават по редослед - слој мајонез, слој харинга и кромид, слој мајонез, слој рендано цвекло, слој мајонез, слој рендан компир, слој мајонез, слој рендан морков, слој мајонез, слој харинга и кромид, слој мајонез, слој рендано јајце, слој мајонез, слој рендан компир, слој мајонез, слој рендано цвекло, слој мајонез.
5. Одозгора салата се украсува по ваш избор и се става во фрижидер да отстои малку.
Салата има многу оригинален вкус.
Бон апетит!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови