Наутот навечер ставете го да отстои во ладна вода.
Утредента истурете ја водата, измијте го и сварете го.
Јас го варам 70минути на среден оган.
Ако сакате може да употребите и готов од конзерва, иако јас практикувам да си го варам.

Сварениот наут исцедете го убаво и оставете да се олади.

Доматите исечете ги на парчиња, додајте го сецканиот млад кромид и туната.
Додајте го наутот.
Посолете и посипете со маслиново масло.
Јас го додавам и плус маслото од туната за поубав шмек на салатата.

Забелешка
Ова се дози за 2 порции.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани