Салата за миг, особено за љубителите на туна. Добар апетит!

Посдготовка
1. Брокулата ја вариме на пареа, колку да омекне.
2. Ја ладиме и сечкаме на ситни парчиња.
3. Краставичките ги сечкаме на мали коцки.
4. Кикириките ги печев во тава на рингла, па откако изладија ги мелев во Нутрибулет.
5. Од туната најпрво го исцедив маслото и сите состојки ги соединив во еден сад.
6. Зачинувате по вкус, јас ставив бибер, сол и малку сенф.

Забелешка
Кикириките можете да ги испечете и во рерна. Може да ставите и солени кикирики, во тој случај не треба да додавате сол во салатата. Пченка користев од конзерва.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани