Ја направив салаткава набрзинка, моментална инспирација и сите преживеавме :D
Мислев дека ќе остане, за да можам да ја сликам следниот ден, но некако сите се навртеа од што им беше вкусна и морав вака набрзинка да ја сликнам :)

Тиквичките исецкајте ги на коци. Пропржете ти на малку масло. Доколку пуштат вода, почекајте да испари, па пропржете ги. Не треба многу да омекнат. Поубава е салатата кога крцкаат малку.
Кога ќе се пропржат и кога ќе испари водата додадете ја павлаката, зачините, сенфот, лукчето и оставете малку да прокрчка.
Оставете да се подолади, па сипете ја во садот во кој што ќе послужувате.

Доколку не постите, можете да додадете изматено јајце. Тргнете го садот од оган, додадете го јајцето полека со постојано мешање да не останат грутки. Продобро е ако малку олади, да не биде врело.

Пријатно јадење :)

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани