Предлог за нешто несекојдневно, вкусно....

Прво измиениот телешки јазик го ставме во едно тенџере.
Налеваме вода, додаваме сол, кромид, морков, целер, пашканат и ловоров лист.
Вариме од прилика околу 2 часа.
Боцкаме со нож за да провериме до каде е со варењето.
Го процедуваме од течноста и одма го миеме со ладна вода.
На тој начиин полесно ќе можеме да го излупиме.
Излупениот телешки јазик го сечеме на парчиња, а потоа на ситни коцки.
Коцките телешки јазик ги ставаме во длабок сад, каде додаваме варени сецкани јајца, сецкани кисели краставички и сецкан варен морков.
По потреба додаваме сол и свежо мелен бибер.
Промешуваме.
Сега додаваме кисела павлака, сенф и тартар сос.
Соединуваме.
Садот го покриваме со прозирна фолија и го оставаме во фрижидер да одстои најмалку 1 час пред сервирање.
Послужуваме со добар аператив.

Начин како да го искористиме бујонот кој го добивме при варењето на јазикот.

Чорба со телешки јазик

Водата каде се вареше јазикот ја процедуваме низ цедалка.
Ја ставаме во касерола.
Тука ги додаваме сецканите, сварени моркови, целер и пашканат.
Ако сакаме да ја одстраниме маснотијата која ја пушти јазикот при варењето, тенџерето на кратко го вадиме на ладно, на тараса хахах.
На површината одма малку ќе се стегни маснотијата и со лажица лесно ја одстрануваме.
Го ставаме тенџерето на оган и по желба додаваме сол, бибер, зачин.
Од варениот јазик сечиме едно парче, го ситниме и го додаваме во супата.
Нека вари на тивко.
Во еден сад соединуваме 1 јајце, 1 лажица маст, 3-4 лажици гриз, сол, малку магдонос.
Соединуваме убаво.
Во зовриената супа со помош на вилушка спуштаме кнедли.
Од кога ќе испливаат на површината вариме уште 5-6 минути.
Исклучуваме шпорет.
Во еден сад соединуваме сок од половина лимон, 1 јајце, 100 мл јогурт.
Во тенок млаз со постојано мешање, за да не се подвари јајцето го додаваме во чорбата.
Сервираме прекрасна чорба и уживаме.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани