Свежа, здрава и вкусна салата е ова, која има необичен вкус и е интересен спој на слатко, кисело и горчливо.
За сите кои сакаат да експериментираат со вкусовите ова е одличен предлог.
Руколата се мие, се цеди и се става во чинија.
Се додаваат зрна од половина калинка и сецканите ореви.
Салатата се посолува, се полева со маслиново масло и сос од калинка.
Згора се наросува со рендан пармезан.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови