Сезона на пченка е, па оваа салата може да ја подготвите и со тазе сварена пченка, а и вон сезона со пченка од конзерва.

Подготовка
1. Половина од пченката ја ставаме со 1 лажица кисела павлака во блендер - Нутрибулет и ја блендираме.
2. Во блендираната смеса ги рендаме јајцата и сирењето.
3. Ги додаваме сечканото пилешко филе, киселата павлака, и остатокот од пченката.
4. Зачинуваме со куркума и прстофат сув власец.
5. Соединуваме и сервираме.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани