Прво веќе измиениот прокељ го ставаме во тенџере со вода и го оставаме да повари некое време. Откако ќе биде добро сварен, го цедиме во цедалка.
Вака исцеден го пропржуваме со малку маслиново масло, додаваме зачини, сол по желба. На крај го додаваме ренданиот кашкавал кој веднаш ќе се растоп.
Исто така ако сакате и имате може да додадете малку месо, било какво сушено, печено. Јас во тој момент имав дома малку печено и додадов многу мала количина. Секако вкусот стана многу поубав. На крај мешаме уште еднаш се заедно и сервираме.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови