Салатата што внука ми ја пробала кај некое другарче, па дошла дома воодушевена, па акција се спроведе да се најде рецепт и кога го видовме рецептот сите останавме збунети :D
Толку едноставно, но нам многу ни се допадна.

Печурките ако се маринирани исцедете ги и оставете ги во вода 2-3 мин, потоа исцедете ги. Доколку користитеи свежи печурки, исецкајте ги и пропржете ги. Мене лично, со свежи, убаво запржени печурки, ми е поубава салатата.
Празот исецкајте го на многу многу ситни коцкички.
Измешајте ги сите состојки.

Пријатно јадење :)

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани