Кога одбирате цвекло за ваква постапка, гледајте главиците да бидат со приближно иста големина, како би се рамномерно сите свариле.
Убаво измијте го и ставете го во лонец со вода да се вари. Варете се додека не е убаво сварено, кога ќе го боцнете со нож, да биди меко. Сепак прилагодете го варењето по ваш вкус, некој сака помеко, некој малку да крцка при јадењето...
Откако ќе се свари, извадете го од водата, нека се подолади малку колку да можете да работите, излупете го и исечете го на ленти, ливчиња, по ваша желба.
Наполнете ги теглите.
Додека го чистите цвеклото, ставете го преливот да се свари.
Наполнете ги теглите со жешкиот прелив. (бидете внимателни, да не ви пукне некоја тегла)
Ако правите поголема количина, теглите ставете ги во рерна, вклучете ја на 200 степени и кога ќе ја достигне температурата исклучете ја. Оставете ги теглите во рерната се додека не се изладат. Потоа ставете ги крај другата зимница.
Ако правите помала, која мислите дека брзо ќе се изеде, откако ќе се изладат теглите ставете ги во фрижидер.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови