Необична, но со извонреден вкус салата од свежи тиквички.
- Суровата леблебија односно слануток, треба да отстои во вода најмалку 5-6 часа да омекне, а потоа треба да се обари. Може да се користи и конзервирана со што ќе ја скратите постапката на откиснување и варење.
- Тиквичката ја миеме, ја бришеме и ја сечкаме во форма на коцки. Ја ставаме во сад за салата, заедно со подготвената леблебија/слануток.
- Го додаваме кромидот сечкан многу ситно, маслинките исечкани на кришки, сечканиот магдонос, се става лимоновиот сок, солта, маслото и ситно се ренда белото сирење.
Се меша, се дозачинува по вкус со сол и лимонов сок.
Пробајте!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани