Го обожавам мирисот на путерот во штотуку испечено домашно пециво.
Па ако има и вкусно полнење како овие сконси...мммммм, уживање

Во вангличка ги ставаме јајцето, солта, сецканиот путер, јогуртот, густинот и промешуваме кратко со вилушка.
Го додаваме грахам брашното, пецивото, содата и замесуваме грубо тесто.
Сепак не смее да лепи на рацете.
Можеби ќе се познаваат по тестото и парченца путер, но така треба да биде.
Го делиме на 12-14 топчиња.
Во еден сад ги соединуваме сите состојки за полнењето.
Земаме едно топче, танко го расучуваме, ставаме полна лажица фил и по малку ги штипкаме краевите, односно ги поткреваме.
Сконсите ги редиме во плех кој е обложен со хартија за печење.
Печиме околу 20 минути на 200 с.
Оставаме малку да се изладат, па послужуваме.

Совет - доколку ви се чини полнењето дека е суво, односно ако користите посува урда, може да се додаде 1-2 лажици изматено јајце, односно да користите хл јајце, кое ќе го преполовите, една половина во тестото да оди, а другата половина во филот.
Како и да направите нема да згрешите.Прекрасни се.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани