Во сад измешајте ги јајцата и рикотата.
Додајте го пармезанот,тостираниот и истолчен сончоглед, сецканиот лук и пецивото.
Измешајте, па додавајте го постепено брашното.
Треба да се добие мека смеса од која може да се обликуваат погачките.
(Јас ставив 8 лажици, но ако користите посува рикота или замена урда може ќе ви треба помалку брашно или ако е покремаста може уште 1 или 2 лажици повеќе.
Затоа додавајте го постепено брашното).
Посолете и наросете бибер.
Измешајте убаво.

Со намрснати раце земајте од смесата и обликувајте ги погачките.
Дебелината може сами да си ја одредите.

Наредете ги во плех обложен со хартија за печење.
Печете на 200 степени, 15-20 минути.

Послужете ги со јогурт или свежа салата.

*Од оваа количина мене ми излегоа 10 погачки.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани