За вкусот на овие колачи ќе оставам да процените сами, по состојки или пак ако ги направите, важно е дека ние со сласт ги јадевме.
Замислата кога го почнав да го подготвувам рецептот ми беше една, а излезе сосема различен рецепт. Затоа некој пат ако ви се случи да не ви излезе рецептот по план, само внесете воља и љубов и крајот ќе го краси делото.

Подготовка
1. За бисквитното тесто сите состојки ги замесуваме и топката од тесто покриена со стреч фолија ја ставаме во дрижидер на 45 минути. Го вадиме и расплескуваме на хартија за печење или пак ако имате Делимано мала тава слободно распоредете го во неа без подмачкување. Печеме на 180 степени околу 15 минути. Го ладиме па го вадиме од тавчето.
2. За карамелот ги мешаме сите состојки и треба да добиеме густа карамел смеса која ја распоредуваме врз тестото. Веднаш ги редиме индиските ореви. Го ставаме колачот во фрижидер малку да се стегне и излади.
3. Потоа сечеме колачиња со форма по желба и ги прелеваме со чоколадо. Повторно ги враќаме во фрижидер.
4. Чоколадото го топиме со маслото на пареа или пак на најниска температура на рингла.

Забелешка
Палмовото масло може да го замените со путер , ама која количина на брашно потоа ќе ви треба ќе треба да си процените сами, зошто густината при соединувањето со брашно на двата продукти не е иста.
Користев непечени и несолени индиски ореви.
Можете колачите прво да ги пресечете па да ги прелеете со чоколадо или пак целата количина да ја прелеете со чоколадо, па да сечете парчиња, оставам на вас.
Во врска со карамел кремот. Сум го правела повеќе пати и секој пат различен ми излегува, при што заклучив дека најповеќе зависи од таанот односно со каква густина е тој. Затоа додавајте, одземајте, комбинирајте доколку веднаш не ви излезе потребната густина, ама многу е важно таанот да биде изедначен и добро промешан во теглата во која стои пред да се помеша за карамелот.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани