Многу симпатична и вкусна тортичка, за уживање во есенско поладне.

Најпрво го подготвуваме кремот со дуња.
Во касерола ставаме да се варат две излупени, исчистени дуњи.
Тука додаваме зачини по сопствен вкус.
Ако ставите цимет, бојата ќе биде потемна на самиот крем.
Јас ставаив мешунка кардамом, ванила, некоја капка лимон.
Вариме додека убаво не омекнат, ги одстрануваме зачините, процедуваме и оставаме во цедалка да истечи вишокот на течност.
Потоа со вилушка лесно пасираме.
Додаваме лажица-две мед.
Слатката павлака ја матиме,  па ја додаваме изладената смеса од дуњи.
Сега во една вангличка ги ставаме состојките за тесто.
Замесуваме набрзина нелепливо тесто кое го оставаме во фрижидер на 15 минути.
Потоа го делиме на 2 дела.

Од секое делче расукуваме округла форма, одприлика со димензии 20 цмм.
Двете идентични кори ги ставаме во малку намастен плех.
сега во еден сад ги матиме белките, со постепено додавање на шеќер, и на крај само лажиче брашно.
Количина ја делиме на половина и ја нанесуваме врз секоја исучена коричка.
Нежно израмнуваме и расфрламе ливчиња бадем.
Ставаме да се печи на 180 с, околу 12-14 минути.
Внимателно вадиме од релна и едната коричка додека е топла ја сечиме на 6 триаголничиња.
На тајнир ја ставаме првата кора, па го нанесуваме целиот фил од дуњи, па ги распоредуваме триаголничињата врз тортата.
Ако имаме време чекаме да се стегни, а ако не ( како јас) одма сечеме парчиња и послужуваме.
Совет- веднаш правете дупла доза, со димензии на коричките 26 см,

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани