Овој вкусен рустичен леб се подготвува за кратко време, околу половина час и е многу вкусен. Интегрално брашно кое јас го користев за овој рецепт е ржано, но можете и било кое друго интегрално брашно да го користите. За да ви биде полесно за одлука можете да прочитете совети за добар интегрален бесквасен леб.

Состојките се мешаат со лажица и се формира лепче. Со влажни раце се обликува и се става во тава за печење. Одозгора наросив малце брашно, за да изгледа рустично. Се пече на 220 степени, околу 20 мин.
Ова е практично лепче кое не се чека, веднаш се пече и веднаш се јаде! Бидејќи е мала грамажата, побрзо иде и печењето. Ако направите поголем леб, тогаш подолго и ќе се пече.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови