Во една вангличка се ставаат сите состојки за тесто.
Набрзина го замесуваме, треба да биде мазно и нелепливо, покриваме со фолија и оставаме во фрижидер на 10-15 минути.
Сега во еден сад ги спојуваме несолената урда, јајцето, лимон шеќерот, брашното и кафениот шеќер.
Кратко го соединуваме со миксер.
Сега во друг сад ги соединуваме нектарините, кајсиите, мармаладот, гризот.
Промешуваме.
Јас тука воопшто не ставив шеќер, бидејќи овошјето беше благо.
Ако сакате додадете засладувач по ваша желба и вкус.
Сега изладеното тесто го расукуваме на хартија за печење во округла форма.
Во средината го ставаме кремот со урда и одозгора го нанесуваме овошјето.
Краевите ги завиткуваме навнатре.
Заедно со хартија го преместуваме во тава за печење.
Печиме во загреана рерна на 190 с околу 40-45 минути.
Оставаме на решетка да се излади, па нежно посипуваме шеќер во прав
Совет- многу малку тргнав настарна од јајцето за филот, па со него го премачкав тестото одозгора, пред печење.
На здравје.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани