Ружичките се превкусни, миризливи, крцкави...Се подготвуваат брзо и лесно, а многу се декоративни.

1. Се подготвува зејтинот, водата и киселото млеко.
2. Исто така се подготвува филот, се сецкаат ситно пиперката и мортаделата, се мешаат сите состојки со павлаката.
3. Секоја кора се сече дијагонално, секое парче се фаќа во средина и се врти во круг како на сликата.
4. Се прска од течноста, се става филот во средината, се затвора со преклопување, па се превртува.
5. Се добива ружичка, ако е затворена ќе ја подотворите малку.
6. Се прокапува зејтин на сите, се мачкаат жолчка и се печат на 200 степени околу 20 минути, но ќе проверите.
7. Кога ќе се подизладат, се става магданос на секоја ружичка.

Навистина се декоративни, а и вкусни. Мене ми фалеше малку сол, вие како сакате. Павлаката треба да е густа, да не се растече филот.
Е сега за корите вие си знаете кои, треба да се убаво еластични, а никако кршливи.
може да ги правите и помали., значи да ги исечете корите поинаку.
Пријатно!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани