Прво пилешкиот стек со помош на остар нож го разлистуваме.
Нежно, преку најлонска кеса го чукаме со чук за месо.
Премачкуваме со сенф.
Зачинуваме со сол и бибер.
Во еден сад ги соединуваме сланината,кашкавалот и спанаќот.
Промешуваме.
Овој фил го нанесуваме рамномерно на пилешкиот стек.
Завиткуваме во ролат.
Ролатот го завиткуваме во фолија и го поставуваме во тава за печење.
Налеваме околу 100 мл вода и малку масло.
Печиме околу 25 минути на 200 степени.
Потоа внимателно ја одстрануваме фолијата и печиме уште 10 минути.
Оставаме малку да се излади, па сечеме на парчиња и сервираме.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани