- Свинското месо - стомачниот дел - добро измиено подсушето го со салвета, а кожата нарежете ја одозгора со нож, но не многу длабоко.
- Семките од коријандерот и коморачот столчете ги во аванче. Насецкајте ја свежата мајчина душичка или сува која ќе ја сронете со раката многу ситно,. Лукчето стиснете преку преса или и него исто така истолчете, . Истолчете една чили пиперка, ренданата кора од еден лимон, додадете сол и се измешајте. Со рака земајте од мешавината зачини која ја добивте и убаво втрлајте во месото. Потоа замотајте цврсто во ролат, врзете со конец, ставете во сад, преместете во фрижидер да одстои 24 часа, а може и повеќе. Оставете го садот непокриен како би се дополнително суши кожата и ќе биде покрцкава.
- Наредниот ден извадете го ролованото месо, нека одстои уште 1 час на собна температура, дполнително втрлајте по површината уште малку сол, ставете 200 мл. вода или бело вино.
- Додека да одстои месото вклучете ја рерната најпрвин да се загрее на 250 степени, месото нека се пече околу 15 минути на оваа температура, потоа намалете ја на 200 степени и нека се пече уште 15 минути, за да ја после ова време намалите на 160 степени и нека се пече на тивко околу 3 часа. Повремено заливајте со мрснотијата во садот. Со тивкото печење ќе ја постигнете сочноста на месото. На крај вклучете ја рерната на 200 степени на горните грејачи само колку да се исцрви кожата и да биде крцкава, но притоа превртувајки го месото од сите страни да се пече.
- Извадете месото од садот, оставете да олади, сечете го млако или потполно оладено - секако е вкусно. Служете како предјадење со кремасти салати, компир... или онака како што вие сакате да е, но сигурна сум дека ке уживате во вкусот на ова италијанско традиционално спремање месо - Порчета.
Полнежот може да биде најразличен, но овој пат од мене е овој предлог и ке кажам дека вкусот е предобар, а лимоновата кора освен што дава вкусна пријатна свежина.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани