Прекрасни ролнички кои не само што се вкусни, туку и изгледаат прекрасно, а се прават многу лесно со готови кори. Крајниот резултат ќе ве воодушеви, воопшто не се чувствува дека се правени со готови кори, делуваат како купени од пекара и најмногу што ми се допаѓа е тоа што не содржат многу масло и не се мрсни.

Фил по избор, јас користев солена изварка околу 400 г измешана со 1 јајце.

Во моето пакување имаше 10 кори, и дозата на состојките беше идеална за 10 ролнички.

Филот за премачкување на корите се прави со мешање на јајцата, со јогуртот, маслото, солта, пецивото и брашното.

Подготовка

Се отвора секоја кора поединечно, се нанесуваат 2 лажици од филот, па кората се превиткува еднаш. Се нанесува уште 1 лажица од филот на превитканата кора, па на едниот крај се става изварка. Се затвораат краевите на кората и се завиткува во ролна.

Вака подготвените ролнички се редат во плех обложен со хартија за печење.

Откако ќе ги направите сите ролнички, засечете ги одозгора со остар нож, и нанесете врз секоја од преостанатиот фил. Наросете сусам одозгора и ставете ги да се печат на температура од 180-200 степени околу половина час или додека убаво не заруменат.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови