Измесете го месото со јајцето, ситно исечканиот кромид, презлата и зачинете го.
Сварете ги јацата и морковите по 7-8 минути.
На хартија за печење или најлонска фолија исплескајте го месото во правоаголна форма.
На средината ставете ги половинките од сварените јајца, а покрај нив лентите од краставичките и морковите.
Преклопете ги со краевите од месото, обликувајте го ролатот и префрлете го во намрсена тава.
Одозгора ролатот намачкајте го со масло, во тавата турете ја и водата, прекријте го со фолија и печете го половина час во загреана рерна на 200 степени.
Извадете ја фолијата и печете уште петнаесетина минути.
Сечете парчиња кога малку ќе се подолади.
Нека е за многу години св.Стефан!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови