1. Јајцата се матат убаво заедно со шеќерот и ванилата.
2. На смесата се додаваат и преостанатите состојки за пандишпанот и се промешува да се соедини.
3. Смесата се става во тавичка за печење во која што има поставено хартија за печење.
4. Пандишпанот се печи во загреана рерна на 180 степени 10-15 минути.
5. Испечениот пандишпан се завиткува како ролат во претходно навлажнета крпа и се остава да се олади.

1. Во касерола на оган се ставаат млекото, ванилата и шеќерот и се остава да се загрее.
2. Во сад се става јајцети и солта и се разматува, се додава густинот и ако е потребни 1-2 лажици млеко.
3. 1/2 од загреаното млеко се става во смесата со јацата и се мати постојано, потоа смесата се додава на останатото млеко и се вари пудингот.
4. Во готовиот пудинг се додава белото чоколадо и се промешува да се растопи и да се соедини.
5. Пудингот се остава да се олади целосно.
6. Во сад се ставаат путерот и шеќерот во прав и се мати да се добије пенеста консистенција.
7. Во добијаната смеса се додава оладениот пудинг и се мати до соединување.

1. Ролатот се премачкува со филот и во внатрешниот крај се подредуваат почистените јагоди.
2. Се витка ролатот и врз него се премачкува преостанатиот фил.
3. Се посипува со кокос и се дополнува со половинки од јагоди.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови