Најпрво го подготвуваме кремот.
Во тенџере ги ставаме јајцата, млекото и шеќерот и проматуваме со рачна маталка малку да се соединат. Ја додаваме чоколадата и се заедно ставаме на рингла вклучена умерено.
Мешаме постојано додека смесата почне да врие и да се згуснува.
Откако ќе проврие се меша уште неколку минути, се трга на страна и остава да се излади.

За тоа време ја подготвуваме кората.
Ги матиме јајцата со шеќерот. Кога се готови го додаваме брашното, мешаме нежно одозгора надолу.
Печеме во голем плех од електричен шпорет обложен со хартија на 200 степени 9-10 минути.
Кога е готов пандишпанот, малку да олади, одлепете го од хартијата и замотајте во ролна.
Надобро да просеете малку прав шеќер на работна маса и да го превртите пандишпанот, да ја остраните хартијата и да замотате во ролна.

Маргаринот го матиме кремасто, го додаваме изладениот крем и го соединуваме со маргаринот.
Пандишпанот го одмотуваме од ролна го премачкуваме со кремот. Од кремот оставаме да го премачкаме од кога ќе го замотаме во ролна. Убаво го измазнуваме ролатот и го валкаме во кокос.
Оставаме во ладилник малку, а потоа го сечеме на парчиња.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови