Еве уште еден успешен експеримент од мојата кујна.
Како си го замислив така и го подготвив ролатов.
Користев мало црвено зелче од расол.
Целта ми беше да добијам контраст на боите.
Секако дека може да се користи и зелена зелка од расол.
Прекрасен е.
Пробајте го.

Прво во тава ставаме свинска маст, масло и ситно сецкано црвено зелче.
Пржиме околу 1 час на тивок оган.
Зачинуваме со сол и бибер.
Во друга тава го пржиме сецканиот праз на малку масло.
Двете состојки ги соединуваме.
Во тава ги пржиме малку засечените колбаси.
Во еден сад ги соединуваме киселата вода , јогуртот, солта, јацето, брашното.пецивото и квасецот.
Тука масло не додадов од причина што веќе подготвениот фил има доволно маснотија.
На работната маса ставаме кора.
Убаво со четка ја премачкуваме по целата површина.
Ставаме една лажица од филот расфрламе.
Повторно кора, убаво премачкуваме, фил, кора....
На последнаат кора го нанесуваме остатокот од фил и ги поставуваме запржените колбаси.
Виткаме ролат.
Со остаток на кашичката го премачкуваме цел ролат.
Наросуваме чурек.
Печиме во загреана рерна на 200 с околу 30 минути, убаво да зарумени.
Оставаме кратко на решетка да се излади, па послужуваме

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор