Во теџере на оган ја ставаме слатката павлака и чоколадото да се загрева додека не се растопи чоколадото, но да не зоврие.
Смесата ја тргаме од оган и ја оставаме во ладилник 3 часа да се лади.
Започнуваме со подготовка на пандишпанот.
Јајцата ги кршиме во длабок сад и го додаваме шеќерот, матиме додека убаво се згусне, потоа го додаваме претходно растопениот путер, брашното, какаото, прашокот за пециво и ванилиниот шеќер и промешуваме убаво.
Во тавче обложено со хартија ја ставаме смесата и печеме на 170 степени проверувајки со чепкалка.
Изладената слатка павлака со чоколадо ја матиме со миксер додека дообиеме густ шлаг.
Печениот и и изладен пандишпан го сечеме на три ленти, секоја лента ја потопуваме со кола сок.
Ставаме еден пандишпан врз него нанесуваме половина од филот врз филот го ставаме сувото грозје, потоа ставаме друго парче пандишпан, ставаме неколку лажици од филот, врз него ги редиме ресаните потопени во кока кола, врз ресаните ставаме уште неколку лажици фил, а потоа и последниот дел од пандишпанот. Врз ролатот премачкуваме со малку фил и оставаме да се лади.
На здравје !!!!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови