Едноставно вкусно...

За кората се матат јајцата со шеќерот, ванилата, па се додава брашното и пецивото.
Се излева во намрсен и побрашнет плех, со димензии 32 на 39цм..
Се пече во загреана рерна околу 13-15 мин. на 180 степени.
Се завиткува во водена кујнска крпа.

За филот се мешаат млекото и слатката павлака.
Во дел од таа мешавина се раствора пудингот и брашното.
Остатокот се зоврива со ванилата и шеќерот.
Се додава пудингот и се вари до потребната густина.
Се остава да се излади.
Маргаринот се мати и му се додава лажица по лажица од пудингот.Убаво се соединува.

На почетокот од кората се редат црешните, па се премачкува со филот.
Убаво се заролува.
Нека отстои во фрижидер убаво да се излади и стегне, па се послужува.
Од надвор украсете по желба.

На здравје!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани