Ова е рецепт за една брзинска торта и малку поинаков начин на редење на бисквитите.
1. Најпрво пишкотите ги потопуваме во малку замлачено чоколадно млеко и ги редиме во два реда, на алуминиумска фолија. Јас наредив два редна со точно 12 пишкоти. Млекото што ќе ви остане, прелејте го врз пишкотите.
2. Слатката павлака се мати со шеќерот во прав, се додава маскарпонето, бисквитите, чоколадото и се меша да се соедини.
3. Се премачкува врз пишкотите, со двете раце и со помош на фолијата, ги креваме пишкотите, да се превиткаат во форма на круг.
4. Се стегнува убаво со фолијата, се обликува во форма на ролат и се става во фрижидер да се стегне најмалку 1 час.

Забелешка - пишкотите ги оставив подолго време наредни, за убаво да го впијат млекото и потоа го правев филот, ги премачкав и повторно малку оставив, да постојат со филот (бидејќи сеуште не ми изгледаа доволно натопени за да се превиткаат без да пукнат), па потоа ги превиткував.
Фил имаше дури и повеќе и не можев сосема да ги составам двата реда на пишкоти, значи може за оваа колична фил, да ставите уште 4-6 пишкоти плус.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови