Во сад за готвење, измешајте го млекото, шеќерот и какаото и оставете да зоврие. Додадете го чоколадото и мешајте се додека се не се растопи.
Во смесата додадете ги мелените бисквити и мелениот лешник мешајте се додека смесата не стане хомогена.
На работната површина поставете парче пластична или алуминиумска фолија, а потоа врз неа распоредете ја смесата во рамномерен слој во форма на правоаголник.

Во друг сад, на оган, слатката павлака измешајте ја со белото чоколадо и мешајте се додека не се растопи. Садот тргнете го од оган и додадете шеќер и кокос.
Врз темната смеса рамномерно распоредете од белата смеса и со помош на фолијата завиткајте го ролатот.
Ролатот ставете го во фрижидер да се олади барем 2-3 часа пред да го послужите.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани