Ако ви останале јајца од Велигденот ова е совршена идеја за ручек, кај мене обавезно е застапен барем еднаш годишно. Подготовката е едноставно, можи месото да си го приготвите како што си правите ќофтиња и само да ги наполните со варени јајца.  

ПОДГОТОВКА

Во вангла ставете ги сите состојки и замесете го месотот. Најдобро е месото да отстои неколку часа во фрижидер за да биди порофито.

Во долгунест калап убаво намастен, ставете ја половина смеса и убаво натапкајте ја, наредете ги јајцата и со мрсни раце убаво распоредете ја останатата смеса одозгора и оформете го ролатот. Премачкајте го со масло, покријте го со хартија за печење или фолија и ставете го да се печи околу 40 минути на 200 степени.

Откако ќе се испечи, оставете го да се подизлади па послужете го. Овој ролат е вкусен и кога е ладен.

На здравје

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови