- Се вари излупениот компир, се процедува, додека е топол во него се додава маргаринот и целото тоа се пасира се додека се добие една еднолична смеса.
- Се додава прав шеќерот, се измешува убаво и оставете го сосема малку да олади.
- Кога е веќе млако во него се додаваат мелените бискоти, исто така се меша за да се добие компактна смеса. На крај се додаваат оревите и ванилата. Енергично измешајте, поделете на два дела, во едниот дел додадете го какаото, измешајјте. Доколку оцените дека потешко ќе може да се расукаат кори оставете оваа смеса да олади.
- На стреч фолија или хартија за печење расукајте го прво темниот дел од добиеното тесто, врз неа распоредете го светлото тесто и со рака или сукало израмнете да се покрие темното тесто. Потоа лесно подигнете од потесната страна, внимателно замотајте во ролат.
- Декорирајте по желба. 
Послужете, ако не споменете дека овој е ролат од компир, многупати се регира мислејки дека е од костен. Изненадувачки е добро, иако е од компир.
НАПОМЕНА
- Дозволува оваа компирова смеса да си направите и двобојни бомбици, да биде во форма како бајадера. .
- бискотите ги ставам во подоладен компир како не се баш како попарени.
- Наместо ореви може и лежник како што е во случајов кај мене.
- Го залив со чоколадна глазура
- Можете да ставите наместо маргарин - путер, да го декорирате со шлаг, слатка павлка - изборот е ваш.
- Доколку количински не ви е потребно многу, слободно правете со половина состојки, доволно ќе е.
- Овој ролат е мек, да не ве збунува , никаде не сте погрешиле. Само оставете го да се добро олади, сечењето не е проблем.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани