Тиквичките изрендајте ги, посолете и оставете малку да истече сокот.
Додајте во тиквичките јајце, брашно и јогурт, додајте сув зеленчук и промешајте.
Во загреано тавче ставете од смеса и расподелете на целото тавче како палачинка.
Во меленото месо додајте ситно сечен кромид, посолете, додајте црн пипер и сув зеленчук.
На палачинките од тиквички нанесете мелено месо, врз него разронете со рака сирење и ставете малку од златната мешавина. Завиткајте ги палачинките во ролат и наредете ги во намрсена тепсија. Ставете ги во загреана рерна на 200 степени околу 20 минути.
Ролат и сечете на парчиња по желба.
Добар апетит!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови