Отесчете ги краевите на багетот и од меката страна расечете или распарајте го, па раширете го и извадете му ја средата.

Премачкајте со солен путер или маргарин, врз него наредете ги листовите салама па кашкавал, па листовите зелена салата (која јас овој пат ја немав во моментот) и на едниот крај од каде што ќе виткате наредете во линија од кајмакот.

Завиткајте го лебот во ролат убаво стегајќи го за се заедно да се соедини, завиткајте го во стреч го во стреч фолија целиот или исечете го на 2-3 дела за полесно и оставете го барем еден час во фрижидер да се стегни.

Пред служење премачкајте го одозгора со киселата павлака и врз неа изронете од чипсот.

Освен како ладен сендвич, вака спремениот багет е одличен како замена за коктел пециво.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани