1. Во еден сад се ставаат млекото, шеќерoт, една лажица од брашното и квасецот.
2. Во друг сад се ставаат брашното, јајцето и ванилата.
3. Путерот се растопува и се остава да се подолади (да е течен, но не врел).
4. Во брашното се додаваат ратопениот путер и активираниот квасец, од состојките се замесува меко тесто.
5. Готовото тесто се префрла на намастена површина со 1 лажица масло се меси потоа се додава втората и така се додаваат сите 5.
6. Готовото тесто се остава во намастенен сад прекриен со фолија да се зголеми 2 пати.
7. Од стасаното тесто се прави кора од која што се сечат кругови. Три круга се поставуваат така што во еден дел се преклопува, а во средината на првиот круг се става едно парче локум пресечено на две, како на сликата.
8. Од круговите се прави ролат кој се сечи во средината и се формираат розички.
9. Секоја розичка се става во форма за мафини и се остава на топло уште за 30-40 минути.
10. Розичките се премачкуваат со јајце и се печат на 170 степени.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови