1. Во длабок сад се става шеќерот и се карамелизира. Се додава водата и се вари заедно со шеќерот додека се стопи. Се додава ванилата, мелените ореви и чоколадата. Малку се оладува и се додава изматениот маргарин.
2. Сето ова добро се соединува и промешува и се филуваат корите.
3. Корите претходно се попрскуваат со рум.
4. Се филуваат сите 7 кори, а последната не се филува. На неа се става растопена чоколада. А може и фил да се стави секој по желба.
5. Се покриваат корите со прозирна фолија и над него се става нешто тешко за да се стегне колачот и потоа во фрижидер.
6. Кога колачот добро ке се олади и стегне се прелива со чоко глазура.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани